Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Средба со локални координатори на услугата помош и нега во домот

2024-03-07

Средба со локални координатори на услугата помош и нега во домот

На 06.03.2024 година во Црвениот крст на РСМ се одржа средба со локални координатори на социјалната услуга помош и нега во домот, од  12 општински организации на Црвениот крст и Црвен крст на град Скопје.  Целта беше да се разгледаат актуелни прашања врзани со испорака на услугата, која се обезбедува на вкупно 740 стари лица во домашни услови, од страна на 250 негуватели. Негувателите се оспособени со вештини и компетенции за давање на основни здравствени и социјални услуги во домашни услови на лица кои поради возраст, хронични болести и други причини се во состојба на изнемоштеност и неможност да се грижат за себе. Услугата се испорачува бесплатно кон крајните корисници, со поддршка на Министерството за труд и социјална политика. 

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/@redcrossoftherepublicofnor9640

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025